Дали Зоран Заев земал мито од 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП-от во Тетово? Во аудио снимката во која прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака разговара со посредникот на Заев, Зоран Милески Кичеец, Дака му вели на Кичеец дека ако се спроведе работата, тој ќе им даде 2 милиони, а друг ќе им даде уште 2 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Земал ли Заев мито од 4 милиони евра од Дака? Каде завршиле овие пари? Дали трансакциите од овие средства водат до Дубаи каде Заев и Филипче градат висококатници и дали со дел од овие средства купуваа акции во индиски авиокомпании?
ЈО да ги истражи овие индиции за криминал и поткуп вреден 4 милиони евра. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината а институциите имаат обврска да обезбедат правда и отчетност.