Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде се осврна на континуираниот економски раст, како и стабилните политики на Владата, и како истата се справува со кризата поврзана со енергенсите.
,,Веќе одминуваат скоро две години од мандатот, и можам да кажам дека ние сите изминати шест квартали имавме раст на БДП од 3%. Тоа донесе една подруга стабилност на оваа Влада, да може да ги менаџира евентуалните кризи коишто би настанале“, кажа Митева.
Митева вели дека Владата води долгорочни економски политики со фокус на стабилност за граѓаните.
,,Ништо не се случува, преку ноќ, ништо не е случајно во водењето на тие политики. Ние постојано говоревме дека економијата мора да биде прироритет, дека мора да мислиме и на граѓаните и на бизнис секторот да не дозволиме да има големи потреси, така што очекувам дека и во идниот период, доколку состојбата ескалира, доколку навистина станува збор за фактори кои што не зависат од нас, ние сме спремни да реагираме како Влада соодветно и навремено“, истакна Митева и додаде:
,,Можеме да посведочиме и на други медиуми ширум регионот коишто ја потенцираат и зборуваат за Македонија како земја којашто во моментов има навистина најниски цени на горивата“.