Светската здравствена организација (СЗО) на Светскиот ден на здравјето ги повикува владите, научниците, здравствените работници, партнерите и пошироката јавност да бидат на страната на науката преку користење и почитување на докази, факти и научно засновани насоки за заштита на здравјето, да ја обноват довербата во науката и јавното здравје и да поддржат научно засновани решенија за поздрава иднина, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Светскиот ден на здравјето, кој традиционално се одбележува на 7 април, во 2026 година испраќа силна глобална порака и повик за поддршка на науката. Во тој контекст, во годишната тема, дефинирана од Светската здравствена организација (СЗО), гласи:
Здравјето на луѓето, животните и екосистемите е нераскинливо поврзано. На глобално ниво, заразните болести што се појавуваат во последните години, во околу 60% од случаите, потекнуваат од животни. Урбанизацијата, климатските промени и деградацијата на екосистемите создаваат нови ризици за нивно ширење. Ова јасно укажува дека предизвиците поврзани со здравјето на луѓето не можат да се решат изолирано, туку бараат координиран, мултисекторски пристап кој ги поврзува здравството, ветеринарството, екологијата, земјоделството и другите области.ж